Connect with us

Фудбал

Како ќе изгледа новиот Челзи? Моќно напаѓачко трио за чудо од тимот!

Сè е подготвено за револуцијата на Стемфорд Бриџ.

Роман Абрамович го продаде лондонскиот клуб на Тод Боли, додека луѓето од доверба на познатиот руски тајкун полека си заминуваа.

Неодамна сидрото го крена и Марина Грановскаја, која со години беше задолжена за трансфери, па може да се каже дека официјално започна новата ера на Плавац.

 

И покрај промените во сопственичката структура, Челзи се уште е меѓу најбогатите клубови во светот и е посакувана дестинација за сите фудбалери.

 

Во последните денови Челзи се поврзува со некои феноменални играчи, а во случај на четири трансфери тимот би добил сосема нова форма.

Одбраната треба да ја засили Матијс Де Лихт откако е најавена нова рунда преговори со Јувентус. Во трансферот би можеле да бидат вклучени неколку играчи.

 

Напаѓачкото трио би можело да го сочинуваат Рахим Стерлинг, Усман Дембеле и ни помалку ни повеќе Кристијано Роналдо кој наводно му бил понуден на двократниот европски шампион.

 

Земајќи го во предвид моменталниот играчки кадар, нема дилема дека Томас Тухел повторно би имал на располагање тим за најсилните полиња.

Ударниот состав на Челзи во новата сезона би можел да изгледа вака: Менди – Џејмс, Силва, Де Лихт, Маркос Алонсо – Канте, Хаверц, Маунт – Стерлинг, Роналдо, Дембеле.

 

Антонио Рудигер досега го напушти тимот и се пресели во Реал, потоа Андрес Кристенсен, додека Ромелу Лукаку се согласи да се врати во Интер. Се очекува и заминување на досегашниот капитен Цезар Аспиликуете. Наводно во вишок е и Кристијан Пулишиќ.