Connect with us

Фудбал

Како Мбапе се солидаризираше со фудбалерите на Башакшехир и што бараше од главниот судија?!

Како што е познато синоќешниот меч ПСЖ-Башакшехир, кој беше прекинат поради расизам, односно откако четвртиот судија нарече фудбалер на турскиот тим „негро“. Мечот ќе се доигра попладнево во 18:55 часот, а овој настан е светска тема број еден бидејќи е преседан како што не е виден во Лигата на шампионите.

Фудбалерите на ПСЖ се солидаризираа со гостинските играчи. Најконкретен беше Килијан Мбапе. Имено, тој од главниот судија на овој натпревар Хатеган барал да му покаже црвен картон на својот колега и да го отстрани од теренот. Сепак, вакво нешто не се случи, па мечот беше прекинат откако фудбалерите одбија да играат. УЕФА за денеска целосно ја смени судиската постава, а мечот ќе се доигра во денешниот термин од 18:55 часот.