Connect with us

Кошарка

Како НБА без навивачи: Губиме милиони долари

Светската здравствена организација прогласи пандемија на глобално ниво поради коронавирус. Ова секако ќе има дополнителни импликации од оние кои досега се појавија. Нови на удар на спортски план ќе бидат мечевите од НБА лигата. Прв ќе биде тимот на Голден Стејт, бидејќи веќе градскиот совет донесе одлука да се забранат собири со над 1000 лица.

Мечот против Бруклин ноќта помеѓу четврток и петок ќе се одигра без публика.

-Вирусот корона ќе не чини неколку десетици милиони долари, изјави претседателот на клубот Рик Велц.

Но, тренерот со друга изјава:

-Здравјето е најважен приоритет во животот. Тоа е поголемо од „Вориорси“, изјави тренерот Боб Мајерс.