Connect with us

Фудбал

Како се налутил Ибра: Имам 300 милиони на сметка и свој остров, првиот што ќе ми каже нешто ќе го убијам

Ибрахимовиќ  познат по неговиот темперамент и познато е дека многу брзо знае да избувне. Во текот на играњето во САД посебно „експлодираше“ по поразот на ЛА Галакси од Хјустон Динамо со 3:2 во 2018-та година.

-По крајот на мечот ни одржа говор. Рече, ако дојдовте тука на плажа или да прошетате во Холивуд, само кажете. Имам 300 милиони на својата сметка, свој остров, и навистина ова не ми е потребно. Првиот кој нешто ќе ми каже ќе го убијам, изјави Жоао Педро кој беше негов соиграч тогаш.

Играхимовиќ постигнал 52 голови на 56 мечеви за Галакси, а во една прилика изјави дека е најдобар играч во историјата на МЛС лигата.

-Правев неверојатни и совршени работи. Не се шегувам, сметам дека сум најдобар фудбалер во историјата на МЛС лигата. На ваков начин можам да играме каде и да посакам, лагано, изјавил Ибра.

По две години во САД, Швеѓанецот одлучи да се врати во Европа, поточно во Милан, каде најверојатно ќе остане до крајот на оваа сезона, а потоа ќе продолжи на друго место.