Connect with us

Фудбал

Како спортскиот директор на Монако го измами Реал Мадрид и зема двојно повеќе пари за Чуамени?

Реал Мадрид пред неколку дена го официјализираше трансферот на Аурелиен Чуамени кој пристигна од Монако.

Кралскиот клуб издвои дури 100 милиони евра за доаѓањето на овој млад играч за врска кој воодушеви со своите игри во дресот на Монако.

Иако беше на мета на неколку европски клубови, на крајот Реал Мадрид беше единствениот конкретен. Клубовите успеаја да се договорат за трансферот, па Реал веднаш ќе плати 80 милиони евра, а останатите 20 ќе ги исплати преку разни бонуси.

Сепак, француските медиуми денеска објавија дека спортскиот директор на Монако, Пол Мичел имал клучна улога во овој трансфер и извлекол многу повеќе пари од Реал од очекуваното.

Кога се појавија информациите дека Реал го сака Чуамени, се шпекулираше дека трансферот ќе изнесува околу 60 милиони евра, но тогаш таа бројка речиси се удвои благодарение на Мичел.

Имено, како што пренесоа медиумите во Франција, тој во сето ова го вклучил и ПСЖ и преку медиумите објави информација дека парижаните сакаат да го уништат бизнисот на Реал и да го доведат Чуамени, иако на крајот се покажа дека тоа не е вистина.

Мичел го направи сето тоа бидејќи знаеше дека Флорентино Перез ќе биде „фатен“ во вакви шпекулации, па побара од Реал Мадрид повеќе пари за Чуамени и тврдеше дека го бара и ПСЖ и нуди многу повеќе пари.

На крајот се покажа дека тоа не е вистина и дека ПСЖ никогаш официјално не испратил понуда за овој млад играч. Но, во Реал веруваа дека Мичел ја кажува вистината и речиси ја удвои понудата што Монако на крајот ја прифати.