Connect with us

Фудбал

Каков човек, постигна еврогол против својот поранеш тим, не го прослави, а по мечот пиеше пиво со противничките навивачи(ВИДЕО)

Фудбалерите на Ница вчера го победија Ајачио на гостински терен со 1:0 во натпреварот од седмото коло на француската Лига 1. Ница на непријатно гостување успеа да дојде до нови три бода, а херој на овој тим беше Енди Делорт кој го постигна единствениот цел.

Одлучувачкиот момент на натпреварот се случи во 65. минута кога Делорт ги остави сите без зборови кога со фантастични ножичка ја затресе мрежата на својот поранешен клуб.

Делорт пристигна во Ајачио како тинејџер, а за првиот тим на клубот дебитираше во 2010 година. За овој клуб играше три години, но од почит не славеше вчера кога постигна гол. Дека Ајачио е во неговото срце и дека секогаш ќе има неверојатна почит кон тој клуб и неговите навивачи, Делорт покажа по натпреварот, а сцените пред стадионот го воодушевија фудбалскиот свет.

Имено, овој 30-годишен напаѓач реши по натпреварот да излезе пред стадионот за да се дружи со навивачите на неговиот поранешен клуб, на кои очигледно не им пречеше толку што ја донесе победата на Ница.

Додека ги чекаше останатите соиграчи, Делорт застана со навивачите на Ајачио за да се напие пиво со нив и малку да се дружи, а многумина ентузијастички коментираа на Твитер. Искусниот напаѓач со овој потег ја покажа својата големина, а фактот дека клубот во кој израсна навистина има посебно место во неговото срце.

Делорт минатото лето пристигна во Ница од Монпеље, а во кариерата настапуваше и за Мец, Турс, Виган, Каен, Тигрес и Тулуз.

Делорт во досегашниот дел од сезоната одигра десет натпревари во сите натпреварувања и успеа да постигне четири гола.