Connect with us

Фудбал

Каков Ривер, навивам за Бока од инает на поранешниот

Аргентинката Сол Перез, поранешната девојка на фудбалерот на Ривер Плата, Езекел Паласио (19), важи за една од најатрактивните ТВ водителки во светот. Своите облини оваа 25 – годишна девојка со задоволство ги покажува на социјалната мрежа „Инстаграм“ каде има над 3.5 милиони следбеници.

Сол стана екстра позната пред неколку месеци, откако откри дека Паласио, со кого беше во врска, ја изневерувал и тоа со неколку девојки.

-Беше чудно. На почетокот не сакав да бидам со некој кој е помлад од мене, но Паласио беше упорен. Еден ден изненадувачки ме обвини дека имам друг дечко, но тоа не беше вистина, па многу му се налутив. Потоа почнаа да ми се јавуваат жени кои врискаа зошто сум му девојка, па мораше да му ги вратам клучевите од куќата и експресно да го заборавам, изјави Перез.

Аргентинските таблоиди потоа дознаа дека Паласио во ист момент се гледал и со пејачката Јулијана Орелано, а во врска бил и со долгогодишната девојка Карен Грамајо.

Инаку, Сол во финалето од Копа Либертадорес откри дека ќе навива за Бока Јуниорс од инает за Паласио, кој ќе се најде на спротивната страна.