Connect with us

Фудбал

Каков трансфер на Герет Бејл пронајде клуб, потписот е блиску?!

Герет Бејл е најблиску до потпис за – Кардиф! Тимот од главниот град на Велс, неговата татковина.

Велшанецот остана без договор, а откако го напушти Реал Мадрид се шират разни гласини дека би можел да остане во Шпанија поради семејството, па се споменуваа Хетафе и Рајо Ваљекано, но тоа набрзо беше демантирано.

Се споменуваше и враќање во Тотенхем, заминување кај Мурињо во Рома, но немаше посериозни преговори.

Кардиф сега е најреалната дестинација поради желбата на Бејл да биде во својата татковина и таму да се подготвува за Светското првенство во Катар, кое е круна на неговата репрезентативна кариера.