Connect with us

Фудбал

Каква е судбината на Хрватите во Јувентус? Спортскиот директор открил што ги чека Манџукиќ и Пјаца

Моќниот Јувентус ја освои својата седма последователна титула во првенството во Италија, а во таа прилика извршниот спортски директор на „Старата дама’ Џузепе Марота ги откри плановите за Хрватите во следната сезона.

„Кога станува збор за хрватските играчи, можам да кажам дека Марко Пјаца сигурно ќе се врати, а потоа ќе видиме што ќе правиме“, рече за хрватскиот репрезентативец кој е на позајмица во Шалке.

Тој потоа коментираше за Манџукиќ.

“Марио Манџукиќ е одличен играч, но ние треба да знаеме што му се врти на нашите играчи во главите, кои се нивните планови за иднината и дали се уште се мотивирани. Ако има потврден одговорот на Марио тогаш тој ќе биде играч на Јувентус и следната сезона “, изјави Марота за италијанското Радио 1.