Фудбал
Каква грешка на голманот на Фиорентина, во 92-та минута му „подари“ победа на Милан (ВИДЕО)
Милан со многу среќа стигна до победа во пресметката со Фиорентина од 2:1. Главен виновник што тимот од Фиренца дома заминува без ниту еден бод е голманот Терачано, кој во 91-та минута излета во празно при еден центар шут, ја промаши топката, која потоа од дефанзивецот Миленковиќ се одби и заврши во мрежата.
Претходно, Милан многу рано преку Леао уште во 2-та минута поведе. По ова домашните играчи се повлекоа, Фиорентина презеде иницијатива, па израмни преку Барак во 28-ма. Во продолжението двете екипи имаа добри шанси за гол. Во вториот дел имаше и спорна ситуација кога Томори го собори Иконе, но по прегледувањето на снимката, судиите одлучија дека нема пенал. Со оваа победа Милан останува втор со 33 бодови, осум зад лидерот Наполи. Фиорентина е на 10-то место.