Connect with us

Фудбал

Каква вечер на Аталанта, хет-трик на Лукман, декласиран непобедливиот Леверкузен на Алонсо за пехар во Лига Европа

Каква вечер за Аталанта. Хет трик на Лукман за освојување на пехарот во Лига Европа и тоа во финалето против до вечерва непобедливиот Баер Леверкузен на Чаби Алонсо и новиот првак на Германија. Фантастичен меч од прва минута, одлично поставена тактика од Гасперини, против која Левркузен беше тотално немоќен.

Херој на Аталанта за нејзиниот прв европски трофеј секако е Лукман кој стрелаше во 12-та, 26-та и 75-та минута. Ова секако е и прв трофеј на Гасперини во неговата тренерска кариера.