Фудбал
Какво лудило на Апенините: Јуве го избра Суарез и се откажа од Џеко, но тој сепак ја напушта Рома
Јувентус е блиску до доведување на Луис Суарез од Барселона во своите редови, што значи дека торинскиот клуб се откажува од Един Џеко.
Во последните денови имаше интензивни преговори помеѓу Јувентус, Џеко и Рома, но „Старата Дама“ на крајот реши да донесе искусен Уругваец, кого Роналд Куман го отпиша во Барселона.
Сега, кога стана јасно дека Џеко нема да замине во Јувентус, Интер повторно е во игра, која веќе подолго време се поврзува сс Џеко. „Calciomercato.com“ тврди дека директорот на Интер, Бепе Марота е забележан како разговара со агентот на Џеко, Силван Мартин.
Рома е решена да го продаде Џеко за само 12 милиони евра, што е значително помалку од претходно бараните 20 милиони, па сега Интер е подготвен да ја заврши работата.
Значи, сега голема е веројатноста дека Џеко ќе го носи дресот на „нероазурите“, Суарез дресот на Барселона, а Аркадиуш Милик од Наполи ќе замине во Рома како замена за Џеко.