Connect with us

Фудбал

Калафиори со автогол донесе победа на Шпанија против Италија и пласман во следна фаза од ЕУРО 2024 (ВИДЕО)

Шпанија ја совлада Италија со 1:0 во дербито на денот на ЕУРО 2024. Клучниот момент се случи во 55-та минута кога Калафиори постигна авто гол. Шпанија беше подобра на овој меч, а Италија одигра под очекувањата и за цел меч имаше само еден директен удар во рамките од голот. Со 6 бодови Шпанија обезбеди пласман во следна Рунда, додека Италија против Хрватска во следното коло ќе брка пласман понатаму. Шанија во трето коло игра против Албанија.