Connect with us

Фудбал

Каљари му нанесе болен пораз на Торино!

Фудбалерите на Каљари славеа на гостувањето против Торино со 1:2 во 27. коло од италијанската Серија А.

Гостите од Сардинија подобро влегоа во натпреварот и првата можност ја имаа преку напаѓачот Жоао Педро. Тоа беше навестување што се случи во 21. минута. Потоа Каљари поведе, Алберто Граси брилијантно му избега на Рола Беланова и тој го доведе својот тим до водство.

До крајот на полувремето Пјаца се обиде да израмни за Торино, но остана 0:1.

По само десет минути од вториот дел одличниот Андреа Белоти постигна израмнувачки гол за домаќините. Одлично се снајде во шеснаесетникот на гостите и во негов стил го совлада голманот на противникот.

Гостите до победничкиот гол стигнаа во 62. минута, кога Алесандро Дајола извонредно шутираше од работ на шеснаесетникот и со тоа му донесе важни три бода на Каљари, кој е во борба за опстанок.

Торино до крајот на натпреварот не создаде посериозна шанса за израмнување.

Каљари моментално е 17-ти со 25 бодови, додека Торино е 11-ти со 33 бодови.