Connect with us

Фудбал

Камерите го снимија Лука Модриќ: Неговата прослава во соблекувалната беше неверојатна (ВИДЕО)

Ветеранот Лука Модриќ беше еден од иницијаторите за големиот пресврт и победата на Реал Мадрид над ПСЖ (3:1) синоќа во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Хрватскиот играч за врска одигра одличен натпревар и му асистираше на Бензема за 2:1. Претходно Модриќ беше креатор на речиси секоја акција на Реал. Иако Карим Бензема сигурно е херој со хет-трик, голема заслуга за големиот триумф има Модриќ.

Освен во напад, Модриќ учествуваше и во одбранбени акции, а во неколку наврати спречи опасни напади на парижаните, на кои два гола на Килијан Мбапе во 180 минута не им беа доволни против секогаш моќниот Реал.

На синоќешниот натпревар следеше големо славје на Кралевите, а особено се истакна Модриќ, кој беше „непрепознатлив“.

Договорот на Модриќ истекува на крајот од сезоната и се уште не е договорено продолжување на соработката, но постојано нагласува дека тоа е најмалку важно и дека за две минути ќе се „договори со Реал“.

„Имам добри односи со клубот и продолжувам да бидам таков. Сигурно ќе постигнеме договор и ќе го направиме она што мислиме дека е најдобро за двете страни“, изјави Модриќ, кој дојде во Реал во 2012 година од Тотенхем и од тогаш играта на Реал е езамислива без него.