Други спортови
Камил Штох живее на улица Камил Штох
Од автобуската кон таверната, потоа кон аптеката, па кон хотелот и доаѓате до прекрасна куќа на Камил Штох. Улицата која води до неа се вика Камил Штох. Трикратниот олимписки шампион во скијачки скокови е вториот полски спортист по Роберт Левандовски кој доби улица со негово име уште пред завршувањето на кариерата.
-Многу размислував и знаев дека не го сакам ова, но дека морам да се согласам. Не сакам да се експонирам, ниту да се туркам пред камерите. Секогаш сакам да бидам сосема надвор од бучавата што се создаваа околу мене. Но, морав да се согласам, немаше друго решение – изјави Штох.
За разлика од Левандовски кој можеби и никогаш нема да отиде на улицата со неговто име, Штох секојдневно ќе добива пошта на адресата со негово име, ќе оди во продавница на оваа улица и во сите документи ќе го пишува совето име на местото за адреса.