Connect with us

Фудбал

„Камп Ноу“ оди на аукција

Шпанскиот гигант Барселона одлучи да го стави на аукција својот стадион, односно името „Камп Ноу“. Од следната сезона ќе го носи името на спонзорот кој ќе понуди најмногу пари.

На ваквиот чекор Каталонците се одлучиле поради финансиската криза предизвиката од коронакризата.

Преименувањето ќе биде само за една година. Инаку, овој стадион никогаш го нема сменето името од своето отворање од 1957-ма година.