Connect with us

Фудбал

Канте е бесен на Лампард, сака да го напушти Челзи

Според „Ле Паризиен“, Н’Голо Канте сака да го напушти Челси, по падот на тимот со тренерот Френк Лампард.

Французинот, кој беше светски шампион во 2018 година, сфаќа дека ја изгубил важноста во редовите на сините, под водство на новиот тренер, па затоа сака да го напушти клубот. Веќе е познато дека Антонио Конте е во добри односи со Канте, па затоа би го пречекал со раширени раце во Интер.

Сепак, француските медиуми посочуваат на друга трага за играчот од средниот ред. Тој инсистира на трансфер во Реал Мадрид, особено откако Лампард одби да му дозволи на играчот од средниот ред на француската репрезентација да го напушти тренингот за венчавка на пријател.