Connect with us

Фудбал

Канте не сакал да прима плата преку офшор компанија


Полудефанзивецот на Челзи, Н’Голо Канте одбил да ја добива платата во клубот преку офшор компанија, тврди „Медијапарт”.

Дваесет и седумгодишниот Французин на почетокот се согласил, но потоа го променил своето мислење и одбил да добива пари на сличен начин.

– Канте се предомислил и сакал да биде исплатен по нормален пат, пишува „Медијапарт”.

Канте премина во Челси во 2016 година. Како дел од „сините”, тој ја освои Премиер лигата и ФА Купот.

Во оваа сезона, Канте има 16 настапи за Челзи, а во нив постигна еден гол и една асистенција.