Connect with us

Фудбал

Канте одби да затае данок

После големиот број на објавени документи во кои беа откриени малверзациите на фудбалерите, клубовите и менаџерите, “Фудбал Ликс” најпосле пласираше една позитивна приказна во која главен јунак е Н’Голо Канте.

Францускиот интернационалец во 2016 година потпиша за лондонскиот премиерлигаш Челзи, а клупските челници од него побараа веднаш да си ги заштити своите авторски право и преку помалиот данок да заштеди речиси милион евра во некоја држава која е рај за таква банкарска трансакција.

Иако на почетокот ја прифатил таквата сугестија, неколку дена подоцна Канте ги информирал клупските челници дека сака само нормална плата и дека сака да плаќа данок според англиските закони.

  • Н’Голо одлучи дека не сака да го прифати тој ризик откако прочита многу тестови за даночните истраги кои се водат против фудбалерите и нивните клубови. Беше многу загрижен и не сакаше еден ден да заврши на суд. Затоа ја одби таквата понуда и побара нормална плата. Редовно си го плаќа данокот, открија нековите агенти.

Французинот е вистински ѕвер на зелениот терен, но е нешто сосема спротивно во приватниот живот. Иако има милиони на својата банкарска сметка, Канте се уште вози Мини Купер, а кога ја освои светската титула на Мундијалот во Русија, играчот за врска нити еднаш не го допре трофееот, нити се буткаше со останатите репрезентативни колеги.