Connect with us

Фудбал

Капело: Анчелоти треба да биде нов селектор на Италија

Фабио Капело верува дека неговиот колега Карло Анчелоти треба да го преземе кормилото во селекцијата на Италија.

– Анчелоти е тренер со големо искуство, во добри години е и само му недостасува таква работа, изјави Капело.

Тој верува дека Анчелоти би бил идеално решение за селекторското место во репрезентацијата.

Анчелоти во моментов е без ангажман, откако по лошиот старт на сезоната заработи отказ во Баерн.