Connect with us

Фудбал

Капитенот на Аталанта за карантинот во Италија: Ова е како во хорор филм

Капитенот на Аталанта Папу Гомез за тамошните медиуми зборуваше за животот во Италија за време на вирусот.

-Како во хорор филм, нема никој низ улиците, вели Аргентинецот.

Цела Италија е во карантин во обид да се спречи ширењето на коронавирусот. На почетокот тоа беше само Северна Италија, каде имаше најмногу заразени, но сега целата држава е „под клуч“.  Работат само супермаркетите.

-Единствено нешто што работи се супермаркетите, но на интернет можете да нарачете се, па да ви го достават. Улиците се празни, како во хорор филм. Не претерувам. Постојано сум во контакт со луѓе од Аргентина. Би било добро да преземат мерки на време, во моментов многу несериозно ја сфаќаат целата ситуација, изјави Гомез.