Connect with us

Фудбал

Капитенот на Перу го пропушта Мундијалот поради допинг

Паоло Гереро, капитен на фудбалскиот тим на Перу, ќе го пропушти Светското првенство во Русија поради позитивен допинг тест.

По жалбата, судот за спортската арбитража во Лозана ја зголеми казната, бидејќи претходната суспензија важеше до овој месец.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го суспендираше Гереро шест месеци, но по жалбата на КСА се зголеми на 14, па така тој можеше да игра дури во јануари.

Гереро требаше да го предводи Перу на првото учество на Светското првенство уште од 1982 година. Тој беше позитивен за супстанцата бензоилекгонин, метаболит кокаин, по квалификацискиот натпревар со Аргентина во октомври. 

Неговите адвокати тврдат дека стимулот не ги подобрил перформансите и дека го внесе случајно со конзумирање на чај.