Connect with us

Фудбал

Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандез, ќе се приклучи на саудискиот клуб Ал-Кадсија

Капитенот на Реал Мадрид, Начо Фернандез, скоро сигурно ќе го напушти клубот и ќе замине во саудискиот тим Ал-Кадсија, кој наскоро дебитира во саудиската елитна лига, според шпанските медиуми и познатиот стручњак за трансфери, Фабрицио Романо.

Начо, кој има 34 години и со Реал поминал скоро цела кариера, освоил 26 трофеи, одиграл 364 натпревари и постигнал 16 гола.

Неговиот договор со Реал истекува, а тој како слободен играч ќе се пресели во Саудиска Арабија со договор до 2026 година.