Connect with us

Ракомет

Карачиќ: Се функционираше одлично

Вардар се зацврсти на лидерското место на табелата во А-група од Лигата на шампионите по триумфот над Кристијанштад (31-15), поставувајќи нови клупски рекорди.

Ова е највисока победа во клупската историја во ЛШ и продолжува серијата од 15 натпревари по ред без пораз во ЛШ и 20 натпревари по ред сезонава без пораз.

Централниот бек Игор Карачиќ на прес-конференцијата по натпреварот рече дека на оваа средба буквално се функционирало според планираното.

Не знам што се случи со Кристијанштад, бидејќи никој од нас не очекуваше дека ќе успееме да забележиме ваква победа. Игравме одлична одбрана, а бевме на ниво и во нападот. Едноставно на овој натпревар функционираше се. Можам само да им честитам на моите момци за борбеноста и одличната партија. Ова беше неверојатен меч на кој сите имавме голем придонес, рече Хрватот во дресот на Вардар.