Connect with us

Кошарка

Карамело ќе ја продолжи кариерата во Хјустон Рокитс

Кошаркарот Ентони Карамело ќе ја продолжи кариерата во Хјустон Рокитс.

Американските медиуми објавија дека 34-годишниот кошаркар ќе го раскине договорот со Атланта Хоукс и ќе стане слободен играч.

Иако за неговите услуги се интересираа уште неколку клубови, Кармело го избрал Хјустон поради амбициозноста на пректот. Тој се согласил да потпише едногодишен договор за плата од 2,4 милиони долари.

Карамело минатата сезона ја заврши со просек од 16,2 поени по натпревар, што е најлош резултат во неговата кариера.