Connect with us

Фудбал

Караско на голема врата се враќа во Европа

Белгискиот фудбалер Јаник Караско пред година дена ја изненади фудбалската јавност со одлуката да го напушти Атлетико Мадрид и кариерата да ја продолжи во кинескиот Далиан Јифангу.

Караско неодамна го прослави својот 25. роденден и поради тоа сите беа изненадени поради тоа што одлучил толку рано да оди во Кина. Белгиецот играл и на светското првенство во Русија иако многумина порачаа дека не заслужил да биде дел од репрезентацијата на Белгија.

Во претходните години Караско одиграл 25 натпревари во дресот на Далиана и постигна седум голови, но на стартот беше јасно дека не е одушевен од квалитетот на фудбалот во Кина. Поради тоа можно е уште во јануари да се врати во Европа и тоа на голема врата.

Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед покажа голем интерес за поранешниот играч на Атлетико Мадрид и сака да го донесе во своите редови уште во јануари. И самиот Караско е заинтересиран да се врати во Европа, а сигурно е дека заминувањето во Манчестер Јунајтед би бил вистински потег за него.

Наводно, „улога на агент“ има и Ромелу Лукаку кој ќе се обиде да го наговори својот сонародник да се согласи да игра за помала плата. Покрај Јунајтед интерес за Караско покажаа Арсенал и Милан, но изгледа дека „Олд Трафорд“ е првата желба на 25-годишниот фудбалер.