Connect with us

Фудбал

Карл Икеме поради болест ја заврши кариерата

Голманот на Вулверхемптон, Карл Икеме, одлучи да ја заврши професионалната кариера, откако минатото лето му беше дијагностицирана акутна леукемија.

Поранешниот нигериски репрезентативец потоа беше подложен на интензивна хемотерапија, a во меѓувреме болеста се повлекла.

Но, 32-годишниот голман соопшти дека сепак нема повеќе активно да се занимава со фудбалот.

– Благодарам на сите за поддршката во изминатава година. Денеска е мој последен ден како играч, но сепак сум благодарен и среќен. Им благодарам на сите во Вулверхемптон, наведе Икеме по консултацијата со лекарите.

Карл Икеме цела своја кариера му остана лојален на Вулверхемптон, иако како позајмен играч бранеше за уште осум клубови.

Тој беше почесен играч на нигериската репрезентација на Светското првенство во Русија.