Connect with us

Фудбал

Карло Анчелоти го избра најдобриот напаѓач на светот

Карло Анчелоти врши одлична работа во вториот мандат на клупата на Реал Мадрид.

Анчелоти е тренер повеќе од две децении. Во тој период тренираше многу од најдобрите играчи во светот, а така е и денес.

Италијанецот има на располагање голем број навистина фантастични играчи во Реал Мадрид, а еден од нив е моментално најдобриот напаѓач во светот.

Не треба двапати да се погодува дека Анчелоти за најдобар напаѓач на светот го избра Карим Бензема, кој во последно време игра во фантастична форма.

„Тој моментално е најдобриот напаѓач на овој фудбал, фудбал кој еволуира и го тера играчот да го промени начинот на игра. Дава голови, а покрај се, секогаш учествува во играта“, изјави Анчелоти.

Неговото присуство, исто така, им помага на другите играчи да растат како што тоа го правеше Винисиус, а потоа нивните квалитети доаѓаат до израз“.

Оваа изјава на Анчелоти за Бензема воопшто не изненадува, бидејќи е сосема логично секој тренер да го фали играчот што го тренира.

Сепак, ако ја погледнеме статистиката и учинокот на Бензема оваа сезона (37 гола, 13 асистенции), тогаш зборовите на Анчелоти се сè само не субјективни.