Фудбал
Карлос Тевез следната година ја завршува својата кариера
Аргентинскиот напаѓач Карлос Тевез одлучи да ја заврши својата богата кариера по истекувањето на неговиот тековен договор со Бока Јуниорс.
Ако нема никакви непредвидени пресврти, тоа значи дека Тевез ќе биде ослободен од фудбалот на крајот од 2019 година.
“Јас ќе го напушти фудбалот кога ќе ми истече договорот со Бока на крајот на следната година. Не сакам да одам во друг клуб и да се збогувам во друг дрес”, изјави Тевез, кој додаде дека по крајот на неговата кариера има намера да биде тренер или директор.
Карлос Тевез е жива легенда на Бока Јуниорс, во кој стигна на 13 години, а неговиот прв натпревар го одигра во 2001 година. Подоцна играше за Коринтијанс, Вест Хем, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус, повторно во Бока, Шангај, а потоа по трет пат за Бока Јуниорс.