Connect with us

Фудбал

Кармата изгледа го стигна Мбапе

Килијан Мбапе го одби Реал Мадрид и одлучи да остане во ПСЖ.

Работата околу неговото доаѓање во Мадрид беше завршена, со месеци се зборуваше за деталите за пречекот и платата што ќе ја добие во Кралскиот клуб.

Сите го гледаа Мбапе како новиот Галатикос и човекот околу кој ќе се врти се во најгламурозниот клуб на денешницата.

Сепак, на крајот Мбапе си го погази сопствениот збор, иако му вети на Флорентино Перез дека ќе дојде на Бернабеу, тој се откажа.

Многумина се на мислење дека Мбапе останал во Париз поради пари и добил овластувања кои никогаш не би ги имал во Реал.

Но, се чини дека кармата на Мбапе го дочека со волеј удар на првиот натпревар во француската репрезентација откако реши да остане во ПСЖ.

Имено, Мбапе се повреди во финишот на првото полувреме. Одличниот фудбалер го повреди коленото и првите информации велат дека ситуацијата е се само не безопасна.

За Мбапе овој прозорец од Лигата на нации заврши. Ако повредата е од опасна природа, тоа сигурно ќе биде празник со горчлив вкус.

Колку и беше важно Франција да го задржи Мбапе во ПСЖ покажува и изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон.

„Разговарав со Килијан и му реков да остане во Франција. Разговаравме на пријателски начин. Улогата на претседателот е да ги брани интересите на својата земја“, рече Макрон.

По потпишувањето на тригодишен договор со ПСЖ, Мбапе ќе заработува меѓу четири и пет милиони евра на месечно ниво.