Connect with us

Кошарка

Кармело, пензионирај се за луѓето да не те памтат како лош кошаркар

Десеткратниот Ол-стар кошаркар, Кармело Ентони, се наоѓа пред најголемиот предизвик во кариерата, бидејќи сигурно ќе го напушти тимот на Хјустон и прашање е каде ќе ја продолжи кариерата. Популарниот Мело за „ракетите“ одигра само десет натпревари и според пишувањата на американските медиуми најверојатно веќе го напуштил и градот Тексас.

Втора сезона по ред Ентони не може да го пронајде вистинскиот ритам, па многумина веќе зборуваат за тоа дека за него најдобро е да се пензионира, а со ваквиот став се согласува и НБА аналитичарот – Крис Брусар.

  • Да, Мело треба да се пензионира. Тој мора да разбере дека не е срамота да бидеш лош во 15-та или 16-та сезона од својата кариера. Меџик Џонсон и Лери Бирд дури не ни играа во петнаесетата или шеснаесетата година. На Мајкл Џордан 16. сезона му беше во Вашингтон. Единствен играч кој навистина е одличен по толку одиграни сезони е Леброн Џејмс. Вејд нема значајна улога во тимот, Крис Бош се пензионираше, Кајл Корвер е Кајл Корвер, Ник Колисон се повлече исто како и Дејвид Вест. Подобро пензионирај се отколку да одиш од тим во тим и луѓето да те запаметат како лош играч. Остани одличен во очите на јавноста, изјави Брусар.

Во изминатите 16 сезони Кармело во просек бележеше по 24 поени, 6.5 скокови и три асистенции по натпревар. Вкупно има постигнато 25.551 поени, а од активните кошаркари повеќе од него уфрлиле само Леброн Џејмс (31.381) и Дирк Новицки (31.187).