Connect with us

Фудбал

Касано се уште може да потпише за Парма

Генералниот менаџер на Парма, Лука Кара посочи дека италијанскиот фудбалер Антонио Касано може да потпише за овој клуб

Касано е без клуб откако ја напушти Верона минатото лето, а две години не играше натпревари. Сепак, иако има 36 години, Касано се поврзува со враќање на теренот.

“Ние не сме завршиле со трансферите. Во потрага сме за искусни играчи. Ако ме прашате дали тоа ќе биде Касано, никогаш не вели никогаш. Има многу имиња кои за кои се размислува, вистина е дека ни треба искуство, а веќе го донесовме Гоби”, рече е Кара.