Поврзи се со нас

Фудбал

Касемиро: Малкумина знаат дека моето презиме воопшто не е Касемиро

Додека го чека натпревар со репрезентацијата на Бразил против Перу, играчот за врска на Реал Мадрид, Касемиро даде интервју за една шпанска телевизија.

Касемиро моментално е со Бразил во Перу каде ќе се одигра 2. коло во квалификациите за СП во Јужна Америка.

Касемиро зборуваше за моменталната форма на Бразил, ги пофали соиграчите и селекторите и зборуваше за Реал Мадрид, а интересно ја искористи можноста конечно да му објасни на светот дека неговото презиме всушност не е Касемиро.

„Малкумина знаат дека моето презиме е Касемиро. Кога играв во Бразил, на еден натпревар луѓето почнаа да ме викаат Касемиро. Одиграв одличен натпревар и решив да ме викам така, до денес“, изјави Бразилецот.

Тој откри и како го избрал бројот 14.

„Кога се вратив откако бев во Порто, ми рекоа да изберам помеѓу 21 или 14. Не се двоумев, зедов 14 поради Чаби Алонсо и Гути. Тоа беа играчите со кои пораснав и од кои учев“.

Advertisement