Connect with us

Фудбал

Касемиро, напаѓачот кој стана играч од средниот ред за да избегне конкуренција

Касемиро е еден од најсилните играчи од средниот ред но судбината на Бразилецот можеше да биде поинаква.

Самиот играч на Реал Мадрид го откри ова за време на шоуто „Универсто Валдано“.

„На 11 или 12 годишна возраст отидов во Сао Паоло на испит. Имаше 300 други луѓе со мене и јас играв како напаѓач во тоа време“, изјави Бразилецот. 

“На прашањето кој игра како напаѓач, 50 луѓе кренаа рака и јас мислев дека има многу конкуренција. Потоа прашаа кој е дефанзивен играч, а потоа прашаа од средниот ред и само осум кренаа рака, тогаш веднаш кренав рака и јас.”