Connect with us

Фудбал

Касиљас: Во Порто сакам да ставам крај на кариерата

Искусниот голман Икер Касиљас (37) го откри името на тимот во кој сака да ја заврши својата кариера.

Икер од 2015 го напушти Реал Мадрид, меѓу кралевите помина 16 години, иако постојано се пишува дека тој може да се врати во Шпанија за да ја заврши својата кариера, сепак тоа нема да се случи.

Касиљас сака да ја заврши кариерата во Порто, каде што го прифатија, по „бркањето“ од Реал Мадрид.

“Поминав голем дел од својата кариера во Реал Мадрид, најдобриот тим во историјата. Но, потоа дојдов во тим како Порто. Голем тим и јас сум среќен тука. Сакам овде да ставам крај на мојата кариера по истекувањето на мојот договор”, изјави Касиљас.

Легендарниот шпански голман е обврзан со договорот до летото следната година. Ова веројатно ќе биде негова последна сезона во кариерата, каде што има одиграно повеќе од 700 пати за Реал и повеќе од 100 пати за Порто.