Connect with us

Фудбал

Катастрофален старт на тренерската кариера на легендарниот Холанѓанец, неговиот тим поразен со 9:1

Легендарниот холандски напаѓач Робин Ван Перси летово ја започна својата тренерска кариера, а неговиот прв самостоен ангажман е на клупата на тимот на Херенвен.

Но, новата кариера на Ван Перси не започна баш најдобро, бидејќи во четвртиот натпревар како тренер на холандскиот тим доживеа тешка бламажа. Херенвен гостуваше кај АЗ Алкмар во 5. коло од Ередивизие, а домашниот тим победи со неверојатни 9:1.

„Ова е тешко, но во кариерата наидувате на многу проблеми и тешкотии, неуспеси. Од оваа игра зедовме неколку лекции повеќе отколку што би имале инаку“, изјави 41-годишниот Ван Перси по поразот.

Воедно, овој пораз од Херенвен беше и најтешкиот пораз на овој клуб во историјата, кога е во прашање натпреварувањето во елитното ниво на холандскиот фудбал.

„Сето тоа е дел од фудбалот. Не бев трауматизиран од ова, ниту моите играчи“, додаде поранешниот напаѓач на Арсенал и Манчестер Јунајтед. Инаку, во победата на АЗ се прослави Трој Парот кој постигна четири гола, а по еден Свен Мијнанс, Ибрахим Садик, Мекс Меердинк, Кристијан Белиќ и Зико Бурмеестер.