Connect with us

Фудбал

Кавани не кажува во каков однос е со Нејмар

Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Едисон Кавани не сакаше да им каже на француските новинари во каква релација е со Нејмар, туку само рече дека недоразбирањата меѓу нив се решени.

– Такви работи се случуваат во многу други клубови, само што нашиот случај непотребно доби огромен публицитет. Некој сакаше да извлече уште нешто од тоа. Ние недоразбирањата ги решивме во соблекувалната, и така треба тоа да се прави. Сека е се во ред, а најважно е што двајцата имаме иста цел. Нема да ви кажам каков однос сега имаме јас и Нејмар, исаткна Кавани.

Двете ѕвезди на ПСЖ се скараа пред десетина дена кога Нејмар сакаше да изведе пенал, но тоа не го дозволи Кавани, земајќи му ја топката на Бразилецот.

Се појавија многу шпекулации за препукувања меѓу двајцата фудбалери, па дури и за напуштање на клубот на Кавани, но работата се смири по состанокот со раководството.