Connect with us

SPORTM.mk

Кавани си заминува од ПСЖ

„Газета де ла Спорт“ пренесува дека Кавани кон крајот на оваа сезона ќе си замине од редовите на ПСЖ и кариерата ќе ја продолжи преку барата.

Имено, Кавани ќе стави потпис на тригодишен договор со новиот тим кој ќе се појави на светската мапа, Интер Мајами.

Клубот во сопственост на Дејвид Бекам следната година ќе започне со настапи во најсилната лига во САД, МЛС Лигата.

Кавани инаку е најдобар стрелец во историјата на ПСЖ со вкупно 194 постигнати погодоци.

 

Извор: Нетпрес