Connect with us

Фудбал

Каземиро до Нејмар: Секогаш ќе бидеш задоволен во Реал

Фудбалерот на Реал Мадрид, Каземиро го сподели своето мислење за можниот трансфер на напаѓачот ПСЖ, Нејмар.

– Тој е ѕвезда. Тој знае што прави. Нејмар е одличен играч, и тој секогаш ќе биде среќен во Реал Мадрид. Се надевам дека ќе дојде во нашиот тим, изјави Каземиро.

Нејмар во последно време се почесто е поврзуван со Реал Мадрид. За него ПСЖ на Барселона и плати рекордни 222 милиони евра во летниот преоден рок и го направи најскап фудбалер на светот.