Connect with us

Фудбал

Казна од 20 милиони евра за Милан од УЕФА, доколку не го платат долгот од 300 милиони следуваат нови повисоки казни

Ново реконструираниот Милан доби парична казна од УЕФА, заради несредените сметки и прекршениот финансискиот фер-плеј.

Иако се спомнуваше и исклучувања од Европа или забрана за купување на фудбалери сепак седумкратниот европски првак е казнет само со парична казна.

Имено, поради долгот од 300 милиони евра, Милан треба да плати 20 милиони евра, од кои 5 ќе плати веднаш, а останатите 15 милиони евра се условна казна и ќе се активираат при следниот пропуст.

До следниот октомври кинеските сопственици мора да го платат долгот од 300 милиони евра, за да не добијат нови санкции.