Connect with us

Фудбал

Казните на Лампард се најјаки на светот: Играч казнет поради врзување врвките од копачките

Френк Лампард го презеде тимот на Евертон.

Легендарниот фудбалер ќе има нов предизвик на „Гудисон Парк“ и ќе се обиде да ја промени сезоната на „Карамели“.

По пристигнувањето Лампард воведе нови правила на однесување на фудбалерите, а секое прекршување ќе биде финансиски санкционирано.

Англиските медиуми наведуваат дека еден од фудбалерите на Евертон веќе добил казна, бидејќи застанал на тренинг за да ги врзе врвките од копачките.

„Тоа е веројатно најскапото врзување на копачки во историјата, но играчите сега знаат дека мора да ги следат правилата“, изјави извор од клубот за англиските медиуми.

Не е познато колку пари издвоил несреќниот фудбалер за врзување врвки за време на тренинг, но и другите правила се доста ригорозни.

Доцнењето на тренинг или состанок и прекршување на кодот на дресот носи казна од 1.000 фунти, користењето мобилен телефон за време на состанокот е 2.000 фунти, а избегнувањето на враќање со тимот ќе ги чини играчите 5.000 фунти.

„Играчите се вознемирени поради фактот што мора да се вратат од натпреварите со остатокот од тимот. Некои од нив сакаат да бидат сами, особено по поразот. Сепак, Лампард рече дека таквите казни ќе му помогнат на тимот да се издигне од бездна и направи пробив“.

Сите играчи кои ќе бидат казнети ќе носат готовина на Френк Лампард, а менаџерот на Евертон потоа ги плаќа во добротворни цели.