Connect with us

Фудбал

Ќе има казни, Рубин Казан се огласи за навредите врз Македонците и Србите од албанскиот фудбалер Даку

Рускиот клуб Рубин Казан подготвува санкции за нивниот фудбалер, репрезентативецот на Албанија, Мирлинд Даку. Тој по мечот со Хрватска на ЕП 2024 го зема мегафонот и заедно со навивачите упати псовки кон Македонците и Србите.

-Напаѓачот Мирлинд Даку си дозволи навредливи извици по натпреварот за ЕП 2024 за репрезентацијата на Албанија против Хрватска. Нашиот клуб ја прифаќа одговорноста за тоа што се случи. ФК Рубин претставува мултинационален тим и секогаш се придржува до принципите на почит и еднаквост, категорично осудувајќи ја секоја форма на дискриминација и навреди на национална, верска или расна основа. По враќањето во просториите на клубот, против фудбалерот ќе бидат применети дисциплински и финансиски санкции. Ќе се разговара и со играчите на клубот со цел да се избегнат вакви инциденти во иднина, се вели во соопштението на клубот.