Фудбал
Ќе има нови играчи, Малдини најави засилувања
Директорот на Милан, легендарниот Паоло Малдини најави засилувања во јануари за Милан. „Росонерите“ и покрај синоќешното реми против Рома од 3:3 со кое беше завршена победничката серија, се лидери на табелата, па апетитите растат.
-Потребна ни е рамнотежа. Знаеме дека ќе дојдат тешки времиња, медиумите и навивачите во моментов не можат да ни ја пружат таа рамнотежа, па мораме сами да ја пронајдеме. Ние сме амбициозни, имаме млади играчи. Мислам дека благодарејќи на работата на тренерот ја тргавме идејата дека не сме подготвени за висок пласман. Мислам дека тоа пресуди во нашето растење, вели Малдини.
Малдини изјави и дека во јануари ќе има засилувања, се очекува најмалку еден стопер и напаѓач, но сепак не сакаше да зборува за имиња.