Connect with us

Фудбал

„Ќе се кандидирам за претседател и ќе го вратам Гвардиола“

Хуан Лапорта беше претседател на Барселона од 2003 до 2010 година. Под негово водство клубот освоил четири шампионски титули, еден Куп, три пехари во Суперкупот, два пати славел во Лигата на шампоните, еден пејхар во УЕФА Супер купот и еден во ФИФА клупското натпреварување. Лапорта две години од неговиот мандат работеше со Пеп Гвардиола. Сега вели дека ќе се кандидира повторно и дека ќе го врати Гвардиола на кормилото на каталонскиот тим.

-Повторно ќе се кандидирам за претседател на Барселона. Мојата идеја е да го вратам Пеп Гвардиола на тренеската позиција. Чави исто така сега е тренер, но тој самиот ќе реши кога е најдобро да биде на клупата на Барселона. Тоа не е лесно,вели Лапорта за каталонската ТВ3.