Connect with us

Фудбал

Ќе се откупи Андре Силва

Жоакин Капарош, спортскиот директор на шпанскиот прволигаш Севилја, потврди дека португалскиот интернационалец, Андре Силва уште неколку сезони ќе пресојува во Андалузија.

Младиот напаѓач е во сопственост на италијанскиот калчо гигант Милан, а актуелната сезона ја одработува како позајмен играч.

Капарош изјави дека најверните фанови можат да бидат мирни затоа што Силва ќе остане во Севилја иако Милан сака да го врати во своите редови. Шпанскиот клуб треба да одвои околу 35 мил. евра со кои ќе го отлупи договорот на португалскиот интернационалец.