Connect with us

Ракомет

Ќе се вратам посилен

Пикерот на македонскиот ракометен шампион Вардар, Рожерио Мораеш подолго време влечеше незгодна повреда на коленото, па реши по поразот од Барселона дефинитивно да ги реши овие проблеми заминувајќи на операција.

Хируршкиот зафат заврши успешно, а Мораеш веднаш по операцијата објави и фотографија со лекарскиот тим, со порака: „Ќе се вратам посилен“.

Бразилскиот интернационалец според првичните информации ќе паузира најмалку три месеци од ракометните терени.