Connect with us

Фудбал

Кејлор Навас потпиша нов договор со Реал Мадрид

Костариканецот Кејлор Навас вчера на Инстаграм сподели порака која многумина ја разбраа како збогување од дресот на Реал Мадрид.

Навас на фотографијата се поздравува со навивачите, а во опис напиша „Фала за се’“, па многумина помислиа дека 32-годишниот чувар на мрежата одлучи да го напушти клубот.

Меѓутоа, од тоа нема ништо. Навас го продолжи договорот со „Кралевите“ за уште една година и во клубот ќе остане до 2021. година.

Оваа вест е потврдена за шпанска „Marca“, а информацијата е дека Навас уште пред неколку недели го потпиша новиот договор.

Во последните две години од договор со „Кралевите“, Навас ќе инкасира пет милиони евра годишно.

Не му смета клупата

Кејлор Навас само во првата сезона (2014/2015) имаше помала минута од сегашната. Во таа сезона Костариканецот беше замена за легендарниот Икер Касиљас и настапи само на 11 натпревари.

Сепак, со заминувањето на Касиљас овој голман стана број еден. Бранеше навистина одлично и освои апсолутно се што можеше да се освои со „Кралскиот“ клуб.

Во текот на летото Навас доби жестока конкуренција. Белгиецот Тибо Куртоа кој стигна од Челзи, и сега тој е прв избор кај тренерот Сантиаго Солари.

Меѓутоа, очигледно дека на Навас не му смета клупата. Уште две и пол години ќе остане член на Реал за кој во оваа сезона настапи на само осум натпревари, а вкупно 149 пати застана на голот за „Кралевите“.