Connect with us

Фудбал

Кејн: На најдобар можен начин им одговоривме на скептиците

Напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн по пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите им порача на скептиците дека многу згрешиле кога се сомневале во квалитетите на неговиот тим.

Имаше многу кои се сомневаа во нашите можности и не веруваа дека можеме да ја поминеме групата. Ние не само што го направивеме тоа, туку се наоѓаме на првата позиција. Се надевам дека тоа ќе ни даде самодоверба која ќе ни користи до крајот на сезоната, изјави Кејн.

Тотенхем ја завршува групната фаза од ЛШ на првото место иако до крајот има да се одигра уште едно коло.

Конкуренција на Тотенхем во Х-групата од елитното натпреварување се Реал Мадрид, Борусија Дортмунд и АПОЕЛ.