Connect with us

Фудбал

Келн казнет за нередите на натпреварот со Арсенал

Германскиот фудбалски клуб Келн е казнет с 60.000 евра поради нередите предизвикани од неговите навивачи на гостувањето кај Арсенал во Лигата на Европа минатиот месец, објави УЕФА.

Околу 20.000 фанови на Келн беа во Лондон, што е 10 пати повеќе отколку што им следуваа билети. Тие користеа пиротехника, фрлаа тврди предмети на теренот и оштетија инфраструктура на стадионот на Арсенла.

Европската фудбалска федерација му наложи на Келн да му ја надомести штетата на Арсенал настаната на „Емирати“, а во случај навивачите на бундеслигашот да го повторат делото ќе добијат забрана за присуство на гостувањата на нивниот миленик.

Официјално санкција со 60 илјади евра доби и албанскиот клуб Скендербег поради навредување на Србите на дуелот против Партизан.